Да се избањате во Црн Дрим, да пробате ѓомлезе...Зошто треба да ја посетите Струга!

,,Како Струга нема друга", затоа ова лето најдете време и посетете го најсончевиот град во Македонија.

Струга е најпозната по браќата Миладиновци, кои ја напишале познатата ,,Т'га за југ" и во нивна чест се одржуваат ,,Струшките вечери на поезијата".

Секој кој го посетил овој град, си рекол ,,Како Струга нема друга", бидејќи штом го посетите овој град, ќе бидете маѓепсани од неговата убавина! 

Во Струга ќе можете да се избањате во реката Црн Дрим, да јадете традиционално ѓомлезе, да пешачите низ чаршијата и кејот на реката, да ја посетите спомен куќата на браќата Миладиновци, да ги посетите црквите низ градот и да ја видите старата архитектура, а ноќите покрај Црн Дрим се волшебни. 

Струга ги има едни од најубавите плажи на Охридското Езеро.

Античкото име на градот е Енхалон што во превод значи ,,јагула". Денешното име го добил по доаѓањето на старите словени кои го нарекле Страга што значи ,,премин".

Има две легенди за настанување на името на градот:

-Според првата името го добил од отворената географска положба на градот, место каде што постојано струже (дува) ветер.

-Одамна некогаш македонските словени (Брсјаци и Мијаци) во струшко се занимавале со сточарство и често ги стрижеле многубројните овци во близина на истекот (Устата) на Црн Дрим од Охридското Езеро. Од стрижењето на овците дошло до зборот Струга. 

Извор и Фото: ФБ група патувања низ Македонија