Минатиот викенд на различни локации се одвиваа две акции за чистење на крајбрежјето и езерското дно во Охрид.
Првата акција се одвиваше саботата на плажата и изворите кај Свети Наум, а учество зедоа нуркачи од нуркачкиот центар „Амфора“, спелеонуркачки клуб „Врело“ од Скопје, како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ.
Втората акција беше вчера, на плажата после вливот на реката Сатеска во Охридското Езеро, предводена од актерката Ирена Ристиќ.
- Ако две дечиња и тројца возрасни можат да соберат 24 вреќи ѓубре за два саати, тогаш можете да замислите какви чуда можат да направат општините со сите луѓе платени за тоа и сета логистика и машинерија која им е на располагање, напиша актерката.