Што е разликата помеѓу глад и апетит?

Телото мора да го регулира внесувањето на храна за да одржи енергетски баланс. Во тој процес се вклучени многу внатрешни телесни процеси како интеракција и повратни механизми помеѓу хормоните, супстанции со слични хормони и органи.

И надворешните фактори имаат големо влијание на внесувањето храна. Тоа е изгледот, мирисот и вкусот на храната. Поради тие многу фактори кои влијаат на внесувањео храна, тешко е да се изолираат оние кои предизвикуваат прејадување, здебелување или пореметување во исхраната. МНогу е важнода се разликува глад и апетит.

Гладот е физиолошка потреба за храна, додека апетитот е психолошка потреба за храна и е поврзана со доброто чувство кое се јавува откако ќе ја изедеме храната што ја сакаме.

Ако е во прашање појава на глад, секоја храна ќе биде добродојдена, додека кај апетитот се јавува желба за одреден вид храна.

Кога се збори за гладот и апетитот можеме да наидеме и на поимот ситост, кој го означува чувството кое се јавува кога (или кога би требало да) запре внесувањето храна. Секое внесување храна по тој момент предизвикува чувство на заситеност.

Спроведени се и истражувања од кои произлегла листа со намирници кои имаат таканаречен индекс на ситост каде како референтна точка е земен белиот пченичен леб. Така можеме да наведеме дека од лебот посити се бананите, јаболките и портокалите.

Еден општ заклучок кој произлегол  од ова истражување е дека ќе ве заштити храната од која морате да јадете повеќе за да внесете иста количина на калории отколку храната која во помали количини има ист број калории.