Рецепти за напивки кои го убиваат апетитот

Кога сакаме да симнеме килограми, важно е да ја врамнотежиме исхраната, да внесуваме доволно хранливи состојки, витамини и минерали, а во тоа може да ви помогнат сокови кои сами ќе ги направите.

Имено, од овие напивки се „убива“ апетитот, а истовремено се обезбедуваат нутриенти кои на телото му се неопходни.

Сок од ананас

Состојки

½ шолја свеж ананас
1 лажичка јаворов сируп
малку сол
1 чаша минерална вода

Подготовка:

Измешајте го шеќерот и солта со вода. Додајте го сокот од ананас и прелијте со вода. Оставете 10 минути. Сокот пијте го додека е свеж. Може да додадете коцки мраз и неколку листови нане. Ананасот помага во намалување на масните наслаги и го намалува воспалението во телото.

Сок од јагоди и банани

Состојки:

8 јагоди
2 средни зрели банани
½ чаша минерална вода

Подготовка:

Исчистете ги јагодите и бананите и исецкајте ги на парчиња. Ставете во блендер, додајте вода. Ако сакате можете да додадете коцки мраз или бадеми за да се подобри вкусот.

Овие рецепти се основата која можете слободно да ја модифицирате и да им го додадете омиленото овошје или зеленчук.