Вчера беше денот кога многумина со посебна носталгија се сеќаваа на некогашната Југославија! Оние кои живееле во некогашниот сојуз велат дека тоа време никогаш нема да се врати.
Се градело, имало за сите, било безбедно и мирно...за разлика од денес, коментираат повозрасните генерации.
Во оваа насока е и ставот на Божидар Божиновски. Ова е неговиот фејсбук статус кој стана вирален:
- Малку за светлото по распадот на Југославија
Болници - изградени во време на Југославија, не можат кров да закрпат, капат пола, да не се Јапонци ни апарати ќе нема
Школи - исто од тоа време, не можат плочки во вц да сменат
Патишта - пак од тоа време, не можат дупките да ги закрпат
Железница - не можат ја одржуваат ни транспортна која уште вози на локомотивите од Југославија, ни патничка
Да не беше РЕК Битола тогаш изграден, струја на генератори ќе имавме, 30 години не можат филтри да стават на оџаците
Студентски домови - 0 нови, не можат да ги префарбаат и тие што ги има
Население - од 2 милиони на 1,5 милиони од кои дури 520.000 на праг на сиромаштија.