Секојдневни активности со кои согорувате голем број калории

Ви претставуваме неколку најефикасни секојдневни активности со помош на кои ќе ја задржите прекрасната фигура, а при тоа се’ уште ќе се чувствувате убаво.

1. Работа во градина
Гребење, плевење, копкање – додека ова го правите, добро ќе се препотите. Одлично е тоа што за еден час градинарска работа ќе потрошите добри 400 калории. Ако уште сакате и на тревникот да му ја „средите фризурата”, за пола час ќе изгубите додатни 120 калории. Дами, во подрумот по косилката!

2. Тренинг по скали
Десет минути качување по скалите е најдобар тренинг за срцето и крвотокот. Покрај здравствените придобивки, во текот на оваа активност ќе согорите и 100 калории! Затегнатите нозе, интернираните вени и издржливоста се „подарок“ од скалите. Од сега лифтот и подвижните скалила се табу. И уште нешто: и со слегувањето се губат калории и се затегнуваат мускули!

3. Бакнежи
Пет минути галење и бакнување – за време на емотивниот спорт се активираат точно триесет мускули. Па кој вика дека движењето не претставува задоволство? А се губат добри 150 калории!

4. Миење на забите
За правилно миење на забите, вклучувајќи го и чистењето со забен конец, потребни се 10 минути. Додека тоа го правите, можете да изведување чучнувања или да го вежбате задникот (наизменично затегнување и отпуштање). 30 калории помалку – а позадината и нозете затегнати!

5. Шопинг
Триесет минути шетање низ градот ќе остварите со обиколка на омилените продавници. А со шопинг-задоволството ќе согорите 250 калории. Ако издржите цел час, ќе согорите цел еден оброк! Екстра совет: носење на кеси истовремено е супер тренинг за рацете.

6. Велосипед наместо автомобил
Половина час возење велосипед низ градот – речиси и не постои мускул кој во текот на возењето не се активира. Посебно ќе ви биде благодарен вашиот задник, бидејќи благодарение на вртењето на педалите ќе биде затегнат и тркалезен – како свежо набрано јаболко! Се согорува околу 220 калории за една сосема споредна работа, или?

7. Миење садови
Ако малку ја одморите машината за миење садови и по оброкот сами сте подготвени да ги измиете садовите, ќе потрошите најмалку 75 калории. Само заради споредба, додека ги вадите и ставате садовите во машината ќе потрошите само 25 калории.

8. Сексот подобар од аеробик
При секс, како и за време на аеробик, добро ќе се испотите – воздишките исто така се присутни. Но што ве прави среќни и задоволни? А онака патем, со задоволството ќе изгубите 300 калории за само 30 минути. Покрај тоа, вашите ослободени хормони ќе го спречат нападот на глад.

9. Гимнастика пред телевизорот
Идеално би било да во текот на денот поминете триесеттина минути пред телевизор. Ова е идеално време и за една или две гимнастички вежби. Легнете на грб и „возете велосипед” – подигнувајќи ја ногата странично, наизменично прво на левиот, па на десниот колк, и потрошете најмалку 200 калории. Екстра совет: дланките спојте ги во ниво на градите и триесет секунди притискајте ги една кон друга. Вежбата повторете ја пет пати. Ќе ги подигнете градите и ќе го затегнете деколтето!

10. Шетање на кучето
Пола час шетање со кучето согорува 200 калории – вистинска „топилница на маст”. Ако од време на време шетањето го комбинирате со спринт (за да го истрчате кучето!), потрошената енергија ќе се зголеми на магични 600 калории. И вашиот куќен љубимец ќе биде пресреќен!

11. Миење на автомобилот
Миење, полирање, чистење на автомобилот со смукалка – со овие активности нема да блеска само вашето возило, туку и вашата фигура! За само 30 минути ќе потрошите 150 калории! Под перење и средување на автомобилот не подразбираме одење во автомијачица!

12. Чистење со правосмукалка
Извадете ја правосмукалката, пуштете музика и во напад на прашината! Со вакво чистење на тепихот, паркетот, ламинатот по станот, за половина11 час ќе согорите неверојатни 120 калории. Ако при тоа морате и да се наведнувате и да се вовлекувате за да го исчистите секој ќош, количината на потрошена енергија ќе се подигне на неверојатни 150 калории!

13. Генерално чистење
Еден час чистење на кујната, миење прозорци или рибање на тоалетот – ова сепак не е список на желби, туку куќна работа, која „убива” најмалку 300 калории. Каде е четката за рибање?

14. Со џвакање против глад
Ако додека сте надвор од дома ве фати мал напад на глад, немојте да правите како што поголемиот дел од луѓето прават – да одите до првата продавница за брза храна, туку во првата весникара купете си пакување гуми за жвакање. Студијата на Универзитетот во Ливерпул докажала дека џвакањето го „кочи” нападот на глад. Посебно се ефикасни оние со вкус на цимет, манго и пеперминт.

15. Грицкање јаткасти плодови
Наместо чоколадо,подобро е во чантата да имате кесичка ореви или лешници. Белковините во нив ќе го ублажат гладот, а дополнително ќе поттикнат и согорување масти.