Се чисти бојата од Шарената револуција на спомениците во Жена парк и Собранието

Од утринава се чистат спомениците во центарот на Скопје, обоени од протестите на „Шарена револуција“. Работници ги средуваа спомениците на АСНОМ и на Прометеј во паркот Жена-борец, а се чистеше и Собранието на Република Македонија.