Се асфалтираат паркининзите на улицата "Даме Груев" (фото)

Општина Центар, во соработка со град Скопје и ЈП "Улици и патишта", ги асфалтира паркининзите на улицата "Даме Груев", кои се на потегот од раскрсницата од улица "Македонија"до бул. "11 Октомври".

Се асфалтираат 3255 м2. Оваа реконструкција се врши поради големите ударни дупки на кои се жалеа граѓаните бидејќи според нив нивното и движењето на возилата не беше безбедно.