Започна реконструкцијата на улицата "Њуделхиска"

Започнува реконструкцијата на ул. "Њуделхиска", која ќе биде целосно обновена и ќе се реконструираат коловозите и тротоарите.


Исто така, улицата ќе биде и проширена без притоа да се загрози постоечкото зеленило, а предвидено е и ново осветлување - лед светилки.Оваа недела, започнуваме и со реконструкција на ул. "Даскал Камче" во Карпош 1, а ќе се санираат и ударните дупки на ул. "Козле" 3. Иако Општината е во сериозни долгови, наоѓаме начини Карпош да се развива, изјави градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Со членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО се обезбедуваат нови 15.5 милиони евра за подобрување на инфраструктурата (нови локални патишта, улици и мостови).