Сакате да ги изгубите вишокот килограми? Применете ги овие здрави навики

Повеќето диети ветуваат брзи резултати, но цената за тоа е глад, здодевност и често – здравјето. Но, овие начини можат да ви помогнат да ги изгубите несаканите килограми, а притоа да не му наштетите на вашето здравје.

Рамнотежата и разновидноста се од суштинско значење

Овие две ставки се најважни во секоја диета, ако сакате да му ги обезбедите на вашето тело „големите шест работи“: јаглехидрати, протеини, масти, витамини, минерали и вода. Без разлика дали сакате брзо или постепено губење на килограмите, многу е важен балансот и тоа да не се држите секогаш до истата рутина што се однесува до храната. Мешајте и комбинирајте.

Кажете им „да“ на мастите

Мастите се наш пријател. Тие ни се потребни за мозокот, срцето, нервите, коските и здравиот имунолошки систем, како и за губење на килограмите, вклучувајќи заситени и незаситени масти. Телото мастите ги користи како „гориво“ за генерирање на енергија во што се многу подобри од житарките и скробот кои редовно се препорачуваат. Сепак, треба да бидете внимателни и умерени со конзумацијата на масти и да се чувате од „вештачки“ масти.

Бидете свесни за јаглехидратите

Околу јаглехидратите веројатно постои најголема конфузија, затоа што најмногу ги има. Некои од нив се величенствени и треба да ги конзумираме секој ден (најмногу зеленчук). Други се исто така добри, но не мора да ги конзумираме секој ден (овошје, житарки, мешунки, ореви и семки). А, некои од нив е добро да се конзумираат само повремено (компири, бел леб, паста и ориз), додека останатите не претставуваат ништо друго освен моментално задоволство на чинија (колачи, бисквити, чипс итн.).

Движете се повеќе во текот на денот

Секој пат кога имате прилика излезете надвор, трчајте, џогирајте, шетајте, возете велосипед... На тој начин, не само што ќе ги согорите мастите, туку и ќе работите на своето здравје и ќе го зголемите витаминот Д (дури и кога нема сонце).