2 зачини кои го поттикнуваат губењето килограми

Истражувањата покажуваат дека екстрактите од цимет и чили пиперка го подигаат нивото на оскицација на маснотиите во организмот, што придонесува за брзо и здраво губење на килограмите.

Истражувањата покажуваат дека конзумирањето на овие зачини може да помогне во спречување на дебелењето. Ова е резултат и на последното истражување спроведено на универзитетот во Токио, каде научниците се обиделе да утврдат како циметот и чили пиперката влијаат на трошењето енергија, а со тоа и намалување на телесната тежина.

Познато е дека дебелењето е резултат на нерамнотежата меѓу енергетскиот внес и потрошувачката на енергија. Со самото тоа, поголемата потрошувачка на енергија до која се доаѓа со вежбање и/или помалиот енергетски внес како резултат на диетите помагаат во спречување на дебелеењето. Метаболичкиот процес на оксидација ги префрла мастите во телото во енергија.

Така, научниците докажале дека циметот и лутата пиперка значајно придонесуваат за трошење енергија.