Ретро ФОТО: Сите театарџии од династијата Прличкови-Џамбазови на насловната на „Нада“

Нашиот актер и шоумен Игор Џамбазов сподели фотографија од едни минати времиња, кога тој и неговото славно семејство позираа за насловната страница на познатото списание „Нада“. 

Сите театарџии од династијата Прличкови-Џамбазови на насловната на "Нада", некаде во 80-ите...
Дедо Петре - актериште.
Баба Нада - суфлериште.
Мама Анче - мајкиште.
И синчето... - напиша Игор во описот на споделената фотографија.