Светски познатиот диџеј со потекло од Австралија, Тими Трампет, вчера имаше свој сет на последната вечер од „Ohrid Calling“.
Во текот на настапот, Тими ѝ го честиташе националниот празник Илинден на публиката која ја крена на нозе со македонските песни „Слушам кај шумат шумите“ и „Јовано Јованке“, а на сцената го развеа и македонското знаме.
Со многу емоции и во еден глас македонската публика ги пееше песните додека македонското знаме се вееше во рацете на Тими.
Видеото беше објавено од страна на пратеникот во македонското собрание, Јован Јаулески кој на фејсбук напиша:
- Прекрасно видео кое треба да стои овде и да им стане јасно на сите дека Македонија секој ден сѐ повеќе живее во срцата на младите!