Џамбазов за Илина: Ова мораше да се случи, виновник е животот

Актерот и шоумен Игор Џамбазов и алпинистката Илина Арсова важеа за еден од најпопуларните парови во Македонија и постојано споделуваа заеднички моменти на социјалните мрежи, но тие повеќе не се во љубовна врска.

Џамбазов за првпат јавно зборуваше за крајот на љубовната врска со Илина и кажа дека виновник за нивната разделба е животот.

-Ова мораше да се случи, виновник е животот, нејзината слика ми е уште на ѕидот. За 60-годишник сум подготвен да поднесувам и порази, но ова не го сметам за пораз. Знаев дека ова ќе се случи, а знаеше и Илина. На третиот ден од нашата врска, таа ми кажа дека сака да оди во Америка и таму да работи, кажа Џамбазов за „Бекстејџ“.