Проверете ги сметките: Почна исплатата на октомвриските пензии

Добра вест за пензионерите, од денес почна исплатата на пензиите за октомври во Македонија. Некои од македонските банки пензијата за своите корисници ја прават предвреме или ден порано, но тоа не е практика за сите.

До пред десетинагодини пензиите се исплаќаа и на 15-ти во месецот, додека за време на корона криза средствата се исплаќаа предвремено, но од минатиот месец истите почнаа да се исплаќаат во редовен рок односно на први.

Од минатиот месец пензиите се зголемија за 5,3 отсто, а како што кажаа властите од следниот март ќе има ново зголемување.

Од сега два пати годишно системски ќе се зголемува пензијата на македонските пензионери, и тоа во март и септември, а еден од клучните фактори за растот ќе биде динамиката на растот на просечната плата.