Социјална помош 5% поголема од јули

Од наредниот месец, околу 30 илјади корисници ќе добијат за 5% поголема социјлана помош. Помошта за најзагрозената категорија граѓани, во изминатите 10 години е зголемена за 62%, изјави претседателот на владејачката ВМРО ДПМНЕ, Николо Груевски.

Примарната цел на оваа владејачка гарнитура е да го покачи стандардот на живеење преку отворањен а нови работни места и привлекување на странски инвестиции. Според извештаите на Државниот завод за статистика невработеноста е на рекордно ниско ниво од 24,5%. Покрај социјалната помош, може да се забележи дека зголемени се и пензиите, а се инвестира и во подобрување на образовните капацитети. Главните напори се во насока на подобрување на животниот стандард и услови од кои целосен бенефит имаат исклучиво граѓаните.