Пронајдено починато лице од струен удар во скопско

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во 01.10 часот на Железничка станица „Илинден“ било пронајдено починато едно лице-мигрант, кое се здобило со повреди од струен удар.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција, соопшти полицијата