Пет лица ограбиле мигрант во близина на село Бунарџик

Рано утринава околу 04.00 часот на автопатот Скопје-Куманово, во близина на село Бунарџик, пет непознати лица извршиле разбојништво врз Г.Х.Х од Авганистан.

Сторителите со закана со нож и удар со тупаница му одзеле околу 3000 евра, рачен часовник и мобилен телефон, по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.