Полициски службеници од СВР Куманово денеска го лишиле од слобода Н.А.(19) од село Слупчане, општина Липково.
- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, информира МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.