24-годишен возач прегази малолетен пешак

Во текот на вчерашниот дек околу 14.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Липково – Арачиново, во с.Матејче, општина Липково, патничко возило „форд фиеста“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(24) од с.Виштица, општина Липково, удрило во малолетен пешак од с.Матејче.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово, соопшти полицијата. 

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.