(Вознемирувачко фото) Маж падна во шахта покриена со картон во Скопје

Новинарот Борјан Јовановски на својот фејсбук профил сподели за еден инцидент кој се случил во Скопје. 

- Во оваа дупка (шахта на градско греење) покриена со картон падна човекот шетајќи го своето куче. Неодговорноста на институции и поединци чини човечки животи. Се надевам човекот брзо ќе закрепне а потоа во судска постапка ќе ги гони одговорните за траумата која ја преживеа, објави тој споделувајќи фотографија од местото на несреќата. 

На фотографијата може да се забележи како лежи повредениот човек, а се гледа и дека пристигната е брзата помош.