Полициски службеници од Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал вчера ги лишиле од слобода Е.Ф. и И.Т.
-Постапувајќи по пријава од Ф.Џ.(39), косовски државјанин, според која на 11.02.2023 во 22.30 часот пред и во продавница на подрачјето на Кисела Вода со тврд предмет бил физички нападнат од неколку лица, полициските службеници по преземени мерки и активности ги пронашле сторителите на кривичното дело и ги привеле во полициска станица, информира МВР.
Како што соопшти МВР, при извршен службен разговор, тие го појасниле и признале кривичното дело, а по обезбедени дополнителни докази известено е ОЈО Скопје, по чии насоки против пријавените ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.