Прекрасни мисли совршени за времињата кога се изгледа безнадежно...

Понекогаш, кога се изгледа безнадежно, се што имаме се зборовите. Сите луѓе ги лечат своите лоши периоди на различни начини. А и секој од нас поминува низ различни периоди. Понекогаш плачеме, понекогаш излегуваме со нашите пријатели, понекогаш гледаме филмови, а понекогаш се внесуваме во книгите и мислите од книгите. Понекогаш толку очајно ни е потребна токму таа една мисла која барем за миг ќе ни ја олесни болката, барем за миг ќе направи кога да се почувствуваме дека не сме сами.

Понекогаш зборовите навистина имаат моќ да залечат некои рани. За денес ви подготвивме едно пакетче со прекрасни мисли кои даваат позитива и надеж и кои можеби токму вам ви се потребни и тоа токму во овој миг.

„Луѓето ќе те остават, но тоа не значи дека е твоја вина.“

„Најголемите срца ги носат најтешките приказни.“

„Срцата се кршливи. Мислам дека дури и кога ќе заздравиш, никогаш нема да бидеш ист како и претходно.“

„Подобро да љубиш и да изгубиш, отколку да живееш со идиот до крајот на животот.“

„Манипулаторите, контролирачите и силеџиите никогаш не се сомневаат во себеси. Тие никогаш не се прашуваат себеси дали проблемот лежи во нив. Тие секогаш велат дека проблемот е во другите.“

„Ја издржав целата оваа непријатност и претходно и ја преживеав и затоа можам да ја преживеам денес. Ги чувствував овие чувства и седев со нив и затоа можам да седам со нив денес. Претходно сакав да се откажам, а сепак се држев за надежта и затоа можам да се држам денес. Можам да го направам тоа. Ќе го направам тоа. Јас го правам тоа. Јас сум силна и способна личност. Јас нема да се откажам.“

„Луѓето секогаш мислат дека најболната работа во животот е да го изгубиш оној којшто го цениш. Вистината е дека најболната работа е да се изгубиш себеси во процесот на ценење на некоја личност толку многу што забораваш и дека ти си вредна и посебна личност.“

„Она што ти се случило во минатото не е ни одблиску толку важно како тоа што ти било ветено во иднината.“

„Болката те прави посилен, солзите похрабар, а скршеното срце те прави помудар, па затоа заблагодари му се на минатото за подобра иднина.“

„Суперхероите секогаш имаат скршени срца и трагични приказни. Па, можеби и ми оди добро во животот.“

„Еден ден, некој ќе те гушне толку цврсто, што сите твои скршени делчиња ќе се вратат назад на своето место.“

„Таа беше бура, не од оние од кои бегаш, туку од оние по кои трчаш.“

„Понекогаш луѓето кои се најсовршени еден за друг мораат да надминат преголеми препреки за да бидат заедно.“

„Тој ги сруши нејзините ѕидови без таа воопшто да забележи. Кога повторно и ги изгради ѕидовите, тој додаде и прозор за да може светлината да влегува.“

„Јас нема да бидам уште еден цвет, скинат заради убавината и оставен да умре. Јас ќе бидам диво цвеќе, тешко да се најде, невозможно да се заборави.

„Ја обожавам нашата приказна. Да, хаотична е, но приказната е тоа што не донесе дотука.“
„Крени ја главата принцезо, во спротивно круната ќе ти падне.“

air max 90 essential sale