Прекрасни мисли кои треба да бидат ваша водилка во 2021 година

„Понекогаш на вашето срце му треба повеќе време да го прифати она што вашиот ум веќе го знае.“

„Ако не го оставите вашето минато во минатото, тоа ќе ја уништи вашата иднина. Живејте за она што сегашноста има да ви го понуди, а не она што вчерашниот ден ви го одземал.“

„Најлесниот начин да научите некој како да се однесува со вас е да не му дадете повеќе шанси да ве повреди.“

„Прифатете го она што е, ослободете се од она што било и верувајте во она што ќе биде.“

„Престанете да ја барате среќата на истото место на кое сте ја изгубиле.“

„Понекогаш мораме да се ослободиме од она што нѐ убива, дури и ако нѐ убива тоа што мораме да се ослободиме од тоа.“

„Колку повеќе лутина кон минатото носите во своето срце, толку помалку ќе имате простор за љубов во сегашноста.“

„Не можете да го започнете следното поглавје од својот живот ако сѐ уште го читате старото.“

„Направи го ова: Живеј во моментот.“

„Кога размислувате за животот, запомнете го ова. Ниту една количина на грижа на совест не може да го промени минатото, а ниту една тешкотија не може да ја промени иднината.“

„Вдиши иднина, издиши минато.“

„Не се плашете да почнете одново, тоа е сосема нова можност да го остварите она што навистина го сакате.“