Предупредување - Не отворајте ако сте добиле СМС порака за пратка

Нова Интернет измама се шири низ земјава, а граѓаниоте на социјалните мрежи збунето прашуваат за што станува збор. 

Имено, кај дел од граѓаните пристигнуваат пораки во кои од нив се бара да ги ажурираат личните податоци, за да ја добијат пратката, која не ја ни порачале. 

За овие измами информираше и Македонски Телеком од каде велат дека измамата е преку СМС пораки кои водат на лажни сајтови за испорака на пратки. 

- Ве известуваме за кампања на измами преку СМС пораки кои водат на лажни сајтови за испорака на пратки. Нашите тимови го спречија ширењето на оваа лажна кампања кај нашите корисниците. Апелираме, внимателно да се отвораат пораки од сомнителни испаќачи, да не се оставаат лични податоци и секогаш да се проверуваат официјалните канали за комуникација на испраќачот, велат од Телеком.