Вчера, во Полициската станица во Кавадарци било пријавено дека на фудбалскиот терен во рамки на детското одморалиште Михајлово - Кавадарци, каде престојувале ученици од основно училиште од Скопје, еден малолетник бил повреден откако пречката од голот се превртела и паднала.
Од МВР информираа дека малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, а на местото на несреќата бил извршен увид од страна на увидна екипа од Кавадарци.