Поставени заштитни столпчиња пред ОУ „Лирија“ на улицата „Цветан Димов“

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставија заштитни столпчиња пред основното училиште „Лирија“ на улицата „Цветан Димов“.

Со поставените столпчиња се става крај на непрописно паркираните возила на овој потег, се овозможува непречено движење на пешаците и се зголемува безбедноста на учениците.