Столпчиња на тротоар кај едно кафуле во Аеродром

Непрописното паркирање и оставање на возилата на булеварите и улиците е слика која секојдневно ја гледаме низ Скопје, на повеќе локации.

Речиси во секоја општина или населба има по една таква точка, каде во секој дел од денот има возила кои го попречуваат нормалниот тек на сообраќајот. 

На Твитер се појави фотографија на која се гледа како на едно вакво место во Аеродром се поставуваат нови столпчиња на тротоарот. 

Време е тротоарите да се вратат на пешаците, кои често се симнуваат на коловозот за да можат да поминат, а со тоа се доведуваат во ризик да бидат повредени.