Поставени заштитни стлпчиња пред ООУ "Владо Тасевски " во Козле

Општина Карпош постави заштитни столпчиња на тротоарите кај основното училиште „Владо Тасевски“, во населбата Козле. 

Целта е да се зголеми безбедноста на учениците, но и на сите граѓани кои се движат на овој потег.

Локалната самоуправа во изминатиот период постави и заштитни метални пречки пред влезовите на повеќе основни училишта, за да се спречи  учениците директно да излегуваат на главните улици.

Продолжуваме со секојдневната грижа поголема безбедност при движењето на сите учесници во сообраќајот.