Порака на денот: Само нежно кон себеси

Знам дека денес, до читање на овој текст, сигурно 10 пати сте се прекориле себеси, сте се посрамиле затоа што мислите дека сте кажале нешто погрешно.

Сигурно, секојпат кога ќе згрешите нешто си кажувате плејада од погрдни зборови, па можеби и пцости.

Зошто? 

Мислите се нашиот живот. Зошто се измачувате себеси? 

Замислете, цел живот негативно гледате на себеси и се критикувате за секоја, макар и најмала грешка. И дали тоа ви донесе подобар живот?

Така и мислев. 

Зошто не смените тактика и не се обидете да бидете понежни со себеси, пољубезни и подобри? Немате што да изгубите, а можете да добиете многу. И сигурно ќе добиете.

Еве, поставете си уште едно прашање: Кога некој би се однесувал со вас онака како што вие се однесувате со себеси, дали би го толерирале тоа или би им ја покажале вратата? Или дали би дозволиле некој секојдневно да ги употребува сите оние навреди и критики кои вие ги користите за себе? Секако дека не. И дали би дозволиле некој ваш близок така да зборува за себеси? Секако дека не. 

Тогаш зошто? Зошто сте обидувате да си бидете свој најголем непријател? Зошто за промена не си подарите себеси барем трошка од добрината и љубовта која им ја давате на другите.

Драги мои, само нежно кон себеси.

Животов е доволно тежок, тој цело време задава удари. Луѓето се исто така тука за повремено да ни направат по некоја сопка, зарем мора и самите да си го правиме тоа на себе.

Само нежно кон себеси, драги, само нежно и лесно. Прегрнувајте се себеси. И вие сте душа и вие заслужувани да бидете сакани, пред сè од себе, а потоа и од другите. 

Ова е единственото тело кое го имате и единствениот живот кој ќе го живеете, зошто да не биде пријатно место за престој, наместо пекол?