Порака на денот: Никогаш не е доцна!

Мојата баба, која умре на 97 години, секогаш велеше дека животот станува поубав со годините.
Тогаш не можев да го разберам тоа, бев млада и мислев дека само во младоста може да се ужива.
Но, сега целосно се сложувам со неа. 

Староста е чудно доба, а ние живееме во општество во кое се верува дека сè треба да се прави во свое време. Ако сте ја пропуштиле можноста да направите нешто: тогаш, готово е, сте го пропуштиле возот.

Но, видете, јас сум убедена дека тоа воопшто не е точно: ако нешто не сте направиле на дваесет години, можете да го направите на четириесет. Ако сте пропуштиле нешто на четириесет, направете го на шеесет години. 

Никогаш не е доцна!

Никогаш!