Поголем дел од зградите во Хиподром не се приклучени кон топлификационата мрежа - немаат парно греење

Во Хиподром, голем дел од зрадите не се приклучени кон топлификационата мрежа и немаат парно греење.

Топлификационата мрежа е донесена до Хиподром и првите згради и некои објекти веќе се приклучени на парно греење, но има и голем дел од нив кои немаат. 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, за 1-ва скопска изјави дека општината има план 22 згради илиу околу 1000 домаќинства, кои не се приклучени, да ги приклучи кон топлификационата мрежа и истите за две години да добијат парно.