По 30 години, Општина Кисела Вода решава голем проблем на граѓаните

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски информира дека по 30 години жителите на улица „Речиште 2“ со краците, ќе добијат квалитетна вода за пиење.

- Започнуваме со решавање на еден тежок проблем чие постоење е недозволиво во 21 век. Жителите од овој дел на градот, со адреса на „Речиште 2“ и неколку краци поврзани со оваа улица децении наназад немаат квалитетна вода за пиење бидејќи водоводната мрежа која тука постоеше, тие самите ја граделе пред повеќе од 50 години, објави Ѓорѓиевски.

Новата водоводна мрежа ќе има должина од околу 450 метри, а ќе биде завршена за околу 20 дена.