Општина Кисела Вода без „Лајка“ ќе го решава проблемот со улични кучиња

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски најавил дека нема да му уплаќа пари на ЈП „Лајка“ за уличните кучиња.

Ѓорѓиевски сака да го решава проблемот со бездомни кучиња во соработка со невладините организации.

- Размислуваме за спроведување на идентичен концепт како тој на ЈП „Лајка“, со која треба да се прекине соработката. Тоа е една од опциите. За годинава немаме уплатено средства на „Лајка“. И останатите скопски општини не се задоволни од работата на претпријатието, кажа Ѓорѓиевски.