Плазма торта со газиран сок

Направете брза и вкусна плазма торта со неколку состојки.

Состојки:

600 гр. плазма 

100 гр. ореви 

200 гр. чоколадо 

2 лажици масло 

200 гр. шеќер во прав 

250 гр. маргарин 

2 јајца 

200 мл. газиран сок со вкус на портокал

Начин на подготовка:

Јајцата со маргаринот и шеќерот се матат со миксер, па се додаваат мелената плазма, мелените ореви и 100 грама рендано чоколадо. 

Се става сокот и се меша да се соедини. 

Ставете ја сместа на послужавник и обликувајте торта. 

Истопете ја останатата половина од чоколадото со две лажици масло и ставете ја горе.