Пилатес секој ден: Кои се придобивките од оваа активност?

Вежбањето пилатес секој ден може да биде интензивно за некои луѓе.

Photo by bruce mars on Unsplash

Оваа физичка активност се фокусира на мускулите, силата и флексибилноста, но за многумина не е нешто што би можеле да го прават секој ден.

Но кои се придобивките од секојдневното вежбање пилатес?

Сила

Дури по само две недели вежбање, можеме да забележиме дека стануваме посилни. Тоа се должи на фактот што пилатесот помага да се изгради горниот дел од телото, што ни помага да се чувствуваме силно насекаде, бидејќи тие мускули се клучниот стабилизатор во телото.

Флексибилност

Една од најдобрите страни на пилатесот е флексибилноста. Дури само по неколкунеделно вежбање, можеме да забележиме помалку болка во телото, а поголема флексибилност и леснотија во движењето.

Photo by bruce mars on Unsplash

Релаксација

Секоја физичка активност помага во намалување на стресот и релаксирање на телото, но пилатесот е една од нјадобрите. Тоа се должи на фактот што не претставува премногу интензивна активност, а од друга страна, самите вежби го опуштаат телото. Освен релаксацијата, пилатесот помага и за зголемување на фокусот и концентрацијата, одржување на вниманието и тн.

Намалена телесна тежина

Со самото тоа што претставува физичка активност, помага во намалување на килограмите. Но, тој треба да се комбинира со други вежби како кардио, за да се постигнат подобри резултати. Генерално земено и самите пилатес инструктори ќе се сложат дека пилатесот не е вежба со која може да се намалат килограмите, но се намалува обемот на телото.

Дали е добро да се вежба пилатес секој ден?

Пилатес инструкторите се согласуваат дека е сосема добро да се вежба пилатес секој ден. Освен тоа, постојано можат да се менуваат вежбите што значи дека нема да ви делува здодевно. На почеток, можете да започнете со 20 минути, а потоа полека да го зголемувате времето. Ако се решите да вежбате секој ден, советот на пилатес инструкторите е дека некогаш можете да извежбате и 10 минути, доколку чувствувате дека немате сила или волја за повеќе.

Она што е добро за пилатесот е дека тој се базира на поврзаноста меѓу умот и телото и затоа е многу корисен за сите оние на кои им е потребно опуштање по долгиот и напорен ден.

Но, во пракса, оние кои вежбаат пилатес велат дека доволни се 3 дена во текот на неделата. Освен тоа, добро е да се комбинира ваквата активност со други вежби со цел да се постигнат подобри резултати.