Едноставна вежба која е многу ефикасна за вашето тело и вашето здравје

Можеби на некои ќе им делува чудно оваа вежба, но таа е навистина корисна за вашето здравје. 

Оваа вежба нема да влијае на вашиот изглед и нема да ви помогне да изгубите килограми, но ќе ви помогне подобро да се чувствувате, и физички и психички, што исто така е важно. 

Пет корисни ефекти од оваа вежба:

  • Го намалува отокот во нозете. 

  • Го отстранува синдромот на уморни нозе.

  • Го подобрува варењето на храната

  • Го опушта нервниот систем

  • Придонесува кон психички мир

Како да ја правите вежбата:

Најдете мирно место и издвојте 10 минути кои ќе си ги посветите на себе. Потребно е да ги обезбедите сите услови кои ќе ви помогнат да ги затворите очите и да се одморите. Ако истовремено зборувате на телефон или праќате пораки, нема да постигнете ист ефект. 

  • Легнете на грб, бутовите би требало да бидат 15-50 cm оддалечени од ѕидот. Свиткајте ги нозете кај колената и потпрете се со петиците на ѕидот. Доколку бутовите се наоѓаат под прав агол во однос на грбот, тогаш задникот ќе биде на правилно растојание од ѕидот. 

  • Исправете ги нозете и потпрете ги петиците на ѕидот. Не ги виткајте нозете во колената и опуштете ги. 

  • Ставете перница под глава (или под грбот). Така ќе ви биде поудобно. Затворете ги очите и дишете. Ставете ја едната дланка на стомак, а другата на срцето.

  • Бидете свесни за своето дишење. Вдишувајте броејќи до два, а издишувајте броејќи до четири. Дишете и опуштете се. 

Оваа вежба нè става во состојба на медитација иако не сме ни свесни за тоа. Ќе почувствуваме како нашето тело и ум нурнуваат во мир и достигнуваат хармонија. 

Со текот на времето, ако често ја практицирате вежбата, ќе забележите еден куп поволности.

Затоа немојте да чекате и почнете уште од денес!