Петров: Дел од овие кандидатите што се пријавуваат за претседател на СДСМ, не можат да поминат на конкурс во месна заедница

Во вечерашното гостување во вестите на Сител Телевизија, поранешниот генерален секретар и актуелен член на извршниот одбор говореше за процесот на избор за претседател на партијата, нагласувајќи дека дел од досега пријавените кандидати не можат да се пријават на конкурс во месна заедница.

„Моето убедување е дека претераното брзање е непотребно во оваа ситуација. Мојот апел е сите луѓе кои се кредибилни и повлечени, затоа што дел од овие кандидати што се пријавуваат не можат да се пријават на конкурс во месна заедница.“, нагласи Петров

Тој дообјасни дека помеѓу пријавените има кредибилни имиња, но и такви кои не сфатиле дека ова не е желботека.

„СДСМ има потреба од внатрепартиски консензус кој ќе овозможи партијата да го преброди тешкиот период на опозиција со само 18 пратеници“, истакна поранешниот генерален секретар на партијата.

Петров потенцираше дека новиот претседател на партијата мора да биде авторитетен, споменувајќи ги Црвенковски и Заев кои имале лидерски капацитет и ја влечеле партијата напред.