Пазете се од змии, сезоната почна!

Високите температури за овој период од годината ги раздвижи влекачите низ Македонија кој вообичаено се активираат во мај.

Меѓу змиите во земјава има неколку видови отровници кои прават сериозни проблеми кај каснатите лица. На Клиниката за инфективни болести често имаат ситуации да спасуваат човечки животи од отровната змија шарка, а годинава како што велат, за среќа, се уште не се соочиле со таква ситуација.

За разлика од нив во повеќе македонски болници веќе се пријавени случаи на граѓани кои што биле каснати.

Здравствените власти информираат дека низ медицинските центри во Македонија во моментов има доволно количества серум, таканаречен противотров. Според нив, сите каснати лица треба да знаат дека овој серум треба да се прими што побрзо по каснувањето, а доколку се комплицира ситуацијата тогаш и клинички се згрижуваат.Најдоцна до 24 часа од каснувањето се употребува противотровот.

Како што велат од Клиниката за инфективни болести секоја година во земјава во мај, јуни и јули има најмногу каснувања од змии во земјава. Во просек околу стотина лица го искусуваат ова лошо искуство. На Клиниката за инфективни болести најчесто завршат на лекување од 15 до 20 од нив.

Здравствените власти предупредуваат дека треба поголема внимателност кога се престојува во природа оти топлото време предизвика змиите-отровници да почнат да шетаат низ планините, на карпите, да ги има под големите камења, но и покрај реките каде што има високи треви и бујна вегетацијата.

Биолозите пак укажуваат дека треба да се има предвид оти змиите се влекачи кои се плашливи по природа, не ги напаѓаат луѓето и препорачуваат да не се задеваат.

Змии има и во парк-шумата Водно, затоа се препорачува рекреативците да бидат повнимателни и доколку им се случи да бидат каснати, да не ги фаќа паника, веднаш да се јават на лекар и да го примат противотровот. Во случај ако сте во природа и треба брзо да се интервенира, тогаш треба превентивно да се имобилизира просторот со лесно подврзување над каснувањето.
- Да не се движи, масира местото на каснување, да не се засекува со нож, ниту пак да се ставаат надрилекови. Исто така да не се вшмукува со уста од отровот зашто тоа може да има и други последици, ниту пак да се покрива каснатата рана - апелираат стручните медицински лица. Тие им препорачуваат на земјоделците, лозарите и сите што работат на нива да внимаваат овие денови кога змиите се многу активни.

Во моментов во земјава го има во доволни количини на против отров кој што треб ада го поседуваат сите болници во земјава и итната медицинска помош, бидејќи противотровот го нема во редовна продажба во аптеките.

Скопската итната медицинска помош исто така располагаат со ваков серум и се подготвени да интервенираат доколку некој граѓанин го побара тоа од нив. Со противотрови треба да бидат обезбедени и граничната полиција, како и војската, особено кога оди на терен.

Македонија е една од ретките земји во светот каде што според биодиверзитетот се регистрирани 16 видови на змии. Тоа е околу 76% од вкупните видови на змии во светот, а кај нас се присутни балкански, жолт, планинки и леопардов смок, потоа поскок, остраглава.