Пауза од социјалните мрежи: подобрено расположение, јасен фокус, подобри пријателства

Детоксикацијата од социјалните мрежи ви овозможува да притиснете на пауза на платформите на социјалните медиуми. 

Photo by ROBIN WORRALL on Unsplash

Исто така, може да ви помогне да го подобрите вашето расположение во реалниот свет. Одјавувањето може да ви помогне да ја исчистите главата, да ја намалите анксиозноста и да спиете подобро.

Што всушност претставува паузата од социјалните мрежи?

Photo by bruce mars on Unsplash

Ако скролањето на телефонот го презема вашето расположение и живот, детоксикацијата од социјалните мрежи ви овозможува да се ослободите од онлајн платформите на одреден временски период. Некои луѓе се одјавуваат на еден ден, додека други бегаат една недела или месец. Експертите сè уште не знаат колку социјалните медиуми влијаат на нас или дали тие влијаат на некои луѓе повеќе од другите. Но, ова може да ви помогне да се ресетирате и да размислите за тоа како апликациите што ги носите во кревет, бања и буквално насекаде влијаат на вашето физичко и ментално здравје.

Кои се бенефитите?

Photo by Brooke Cagle on Unsplash

Подобрено расположение – иако постојат мал број на истражувања, сепак тие покажуваат дека паузата од социјалните мрежи придонесува за подобрено расположение кај луѓето.

Намалена вознемиреност – ова исто така е поврзано со подобреното расположение, но за многумина од нас, долгото скролање и следење на животите на другите луѓе создава вознемиреност за која често не сме ни свесни.

Појасен фокус – бегството од екранот и можноста да поминеме повеќе време настрана од технологијата придонесува за подобрен фокус и концентрација. 

Зголемена креативност – кога правиме детоксикација од социјалните мрежи, си дозволуваме да имаме повеќе време за нашите хобија и интереси. 

Подобрени пријателства – дисконектирањето од социјалните мрежи значи дека ќе се потрудиме во живо да ги видиме своите пријатели и така да поминеме време со нив. Ова е потвдено и со неколку истражувања.

Подобар сон – повеќе студии докажуваат дека квалитетот на нашиот сон се подобрува кога ќе ја намалиме употребата на социјалните мрежи. 

Така, ако решиме да се вратиме, ќе можеме да ја забележиме разликата пред и после паузата и да донесеме одлуки за тоа колку сакаме да ги користиме социјалните мрежи и тоа да го правиме свесно.