Падна бандера во Влае, сообраќајот е отежнат

Од општина Карпош информираат дека попладнево на раскрсницата на улицата Ацо Шопов со улица Фјодор Достоевски (Влае 1) поради несовесни возила со висок габарит турнати се столбовите за телекомуникации и се пречка за нормално одвивање на сообраќајот.

Известени се сите кабелски оператори за кои се очекува дека ќе интервенираат во најкус рок, велат од локалната самоуправа.