Откако ќе го добијат новиот мандат просечната плата според СДСМ ќе биде над 1000 евра, а минималната 500 евра

Во соопштение до јавноста СДСМ вели дека платите се искачиле на највисоко ниво од 40 илјади денари или 650 евра и со тоа го исполниле изборното ветување кон граѓаните. Според нив поголеми плати значат повеќе пари во џебот на граѓаните, повисок и подобар животен стандард.

- “Затоа СДСМ и во новиот мандат, во новата програма продолжува со политиките на зголемување на платите. Ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра. Со правилни политики ова е достижно, затоа што ние покажавме дека овие историски највисоки нивоа кои денес ги имаме, се исто така достижни“ се вели во соопштението на партијата