ИКС: “Во пораст се штетните влијанија од онлајн содржините на партиите“

Институтот за комуникациски студии (ИКС) објави извештај за април 2024, анализирајќи ги штетните политички влијанија во медиумите. Овој мониторинг се совпадна со предизборната кампања, но беше фокусиран на политичарите, не на претседателските кандидати. Според извештајот, штетните влијанија од содржината на интернет и на фејсбук страниците на партиите и нивните лидери е во пораст. Во март имало 142 објави, а во април 176. ВМРО-ДПМНЕ води со 43 објави, Левица е втора со 38, а СДСМ е трета со 29 објави, а бројот на штетни објави на ДУИ се зголемил на 14.

Трите најчести штетни содржини се  „поткопување на довербата во институциите“ и „напади на лична основа“. Во април, се забележува и зголемување на „екстремен патриотизам“, „пристрасно селектирање“„етноцентризам“ и „ширење паника и страв“. Во април, се забележува и зголемување на „екстремен патриотизам“, „етноцентризам“ и „ширење паника и страв“. 

Во медиумите, кај онлајн платформите има рекорден број од 261 објава со штетни содржини. Наспроти ова, ТВ каналите имаат најмал број такви прилози – 55, продолжувајќи го трендот на намалување.

Порталот Курир води со 54 објави со штетни содржини, следен од А1Он (33), Вечер.мк (29), Алмакос (28) и Република (27). Меѓу ТВ станиците, ТВ Алфа е на врвот со 14 прилози, иако и таму има пад во бројот на штетни прилози.

Фејсбук профилите на министрите, кои беа и кандидати, се користеа за лична промоција, што претставува злоупотреба на владините канали.

Истражувањето, спроведено од ИКС со поддршка од Британската амбасада во Скопје, мониторира 10 политички партии, нивните лидери и  комуникацијата на членовите на Владата на РСМ со медиумите. Мониторингот опфаќа 11 онлајн медиуми и 9 телевизиски канали.