Оштетена фасада, паднат семафор - големо невреме во Аеродром

Општинските служби во координација и соработка со ЈП ,,Паркови и зеленило”, утрово интензивно работат на отстранување на паднатите дрвја, гранки и други објекти кои го попречуваат слободното движење на граѓаните и воедно претставуваат опасност во општина Аеродром.

По силното невреме што вчера попладне го зафати Аеродром, градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со општинските служби веднаш излегоа на терен и ги посетија жителите кои претрпеа најголеми штети во временската непогода.

-Граѓаните можат да бидат сигурни дека имаат вистински партнер во Општина Аеродром, а нашите служби работат со сите засегнати страни на што побрзо санирање на штетите. Остануваме на терен сѐ додека е потребно и додека не бидат отстранети сите опасности за граѓаните, порачаа вчера до општина Аеродром. 

Аеродромци, на социјалните мрежи, алармираа дека сливниците се полни со вода по дождот, дека има откорнати дрвја и гранки, а невремето оштетило и фасада на зграда, но имало и откачен семафор.