Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, со интонирање на македонската химна и подигнување на македонското знаме, вчера во Аеродром официјално беше пуштен во употреба новиот парк лоциран на булеварот „Февруарски поход“.
„За горда Македонија и поубав Аеродром“, напиша Муцунски на својот инстаграм профил и најави дека новиот парк ќе биде вистинска гордост на граѓаните на Аеродром.
Работните активности опфатија целосно хортикултурно и партерно уредување, поставување на нова урбана опрема, како и јарбол со македонското знаме.