Детската градинка „Пчелка 1“ во Аеродром одбележа јубилеј, наскоро ќе се доградува

Во општина Аеродром денеска беше одбележан јубилејот - 60 години постоење на детската градинка „Пчелка 1“, каде наскоро започнува доградбата и реконструкцијата на објектот.

Во присуство на Министерот за труд и социјална политика и претседателот на советот на Општина Аеродром, денес беше одбележан јубилеј – 60 години постоење на детската градинка „Пчелка 1“. Со свечен настан подготвен од дечињата, беше одбележан јубилејот, но истовремено беше најавена реконструкцијата и доградбата на објектот, за што веќе е изготвено идејното решение, а наскоро ќе започне и проектирањето на објектот, информираа од локалната самоуправа. 

- Грижата за дечињата е во прв план, а реализацијата на проекти за подобрување на условите во детските градинки, важен приоритет на општината. Преку континуирани проекти и инвестиции овозможуваме повисоко ниво на социјална грижа и заштита, додаваат од општина Аеродром.