Општина Битола среде април објави јавен повик за новогодишно украсување на градот

Општина Битола на осум месеци пред дочекот на Новата година објави повик наменет за сите креативни граѓани, здруженија на граѓани и фирми, кои можат да креираат и да понудат идејно решение за новогодишно украсување на градот за Новата 2024 година.

Идејните решенија треба да се достават на електронската адреса на општината, најдоцна до 15 мај 2023 година, а најдобрите ќе бидат наградени парично, односно 180.000 денари за освоена прва награда, 80.000 денари за втора награда и 40.000 денари за трета награда.

Оваа одлука предизвика различни реакции кај граѓаните, а најголем дел од нив се зачудени зошто се распишува јавен повик на осум месеци до Нова година.