Отворен повик за аплицирање за студентски оброк, дневниот износ е 140 денари

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023/24 година.

За тековните студенти рокот за пријавување е од 31 јули до 10 август 2023, а за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, рокот за пријавување е од 1 до 7 октомври 2023.

Студентите што ќе стекнат право на субвенциониран оброк ќе треба да потпишат договор со „Шпаркасе банка“ за отворање посебна сметка поврзана со наменска платежна картичка.

Право на субвенциониран оброк имаат редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, кои не се во редовен работен однос, односно не се регистрирани како индивидуални земјоделци и кои немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во државава за тековната година.

Субвенциониран студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари.

Повеќе детали за аплицирање за субвенциониран студентски оброк може да прочитате ТУКА.