Охрид се подготвува за сезоната - Најавени концерти на големи музички имиња

И претстојнава летна сезона Охрид ќе биде домаќин на бројни мега музички ѕвезди. Концертите и настапите веќе се закажани, а билетите пуштени во продажба. 

Засега се знае дел од големите музички имиња кои доаѓаат во македонскиот туристички бисер. 

Мега концерт на мега ѕвездите Жељко Самарџиќ и Саша Матиќ е закажан за 31. јули на стадионот „Билјанини Извори“. 

 Александра Пријовиќ доаѓа на 1. август на истата локација, а организаторите најавуваат мега забава. 

Светски познатиот Лени Кравиц во Охрид се враќа за Илинденските празници, поточно свој концерт ќе одржи на 4. август. 

Жељко Бебек ќе слави 50 години кариера во Охрид. Легендарниот изведувач кој слави 50 години кариера, доаѓа во Охрид за овој повод! Јубилејниот концерт ќе се одржи на 18. јули во прекрасниот Антички Театар.