Од детскиот дом „Ранка Милановиќ“ побегнаа петмина штитеници

Вчера во 17.00 часот во ПС Гази Баба, социјален работник во домот „Ранка Милановиќ“ доставила писмена пријава во која пријавила дека лицата Е.Е.(19) од Берово, Н.Д.(20) од Чашка, С.Р.(18) од Скопје, 14-годишник од Кочани и 17-годишник без постојано место на живеење, сите штитеници на домот, самоволно го напуштиле домот и се оддалечиле во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.